Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Блогерска поддршка за Македонија


Здружението на блогери на Македонија сака да ја искаже својата поддршка во борбата за зачувувањето на Уставното име на Република Македонија, историја и културниот идентитет на македонскиот народ.

Изминатиов период, Здружението на блогери на Македонија како и останатата блог и интернет заедница во Македонија, преку преплавување на интернет сферата со текстови, праќање на циркулирачки и-меил писма, интернет петиции и слично, ја дадовме нашата поддршка во борбата за зачувување на уставното име на Република Македонија.

Ние, како интернет заедница не сме против интегрирањето на Република Македонија во вроатланските институции – ЕУ и НАТО.

Сметаме дека нашето место е токму во Европската Унија и НАТО и за тоа говорат и сите релевантни истражувања на јавното мислење, каде поддршката на граѓаните за членувањето на Република Македонија во нив е исклучително висок.

Сепак, членствата во овие меѓународни институции не смеат да бидат по цена за менување на уставното име на Република Македонија, како и откажување на нашето историско наследство, култура и идентитет.

Република Македонија веќе направи премногу еднострани компромиси и гестови како знаци на добра волја, сè со цел да покаже своите добри намери кон нашиот јужен сосед. Прифаќањето за користење на срамната референца БЈРМ во меѓународната комуникација и институции, како и смената на знамето на државата беа преголеми еднострани отстапки кои ги направија политичките елити во минатото, без ама баш каква и да е консултација од граѓаните и нивна поддршка.

Здружението на Блогери на Македонија е против било какви понатамошни компромиси околу името на нашата држава.

Името на нашата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, името на нашиот народ е МАКЕДОНСКИ НАРОД и ние имаме МАКЕДОНСКА КУЛТУРА.

Исто така, ги повикуваме сите блогери и активни корисници на интернет, насекаде и секогаш, преку глобалната мрежа, да ја шират вистината за Македонија.



zbm.blog.com.mk



2.04.2008



ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!