Хаустор се враќа на музичката сцена! Тоа ќе биде убава вест ако се оствари. Оваа идеја ја изнесе некогашниот фронтмен, Дарко Рундек пред 30 роденден на бендот. Видео!
Со оглед на тоа што годинава Хаустор го слави својот 30 роденден, фронтменот Дарко Рундек најави повторно собирање на поставата. Но, не само за да направат уште еден концерт, туку и да го снимат својот последен албум.
„Тоа е идеална шанса за Прица, Гулиќ, Зајец и јас да го прославиме роденденот со концерти. Зборував и со Сахер кој како и јас во подготовка има песни за албумот, па мислам дека дојде време идејата да се оствари“, изјави Рундек за хрватскиот 24сата.