Македонија има сила?

Што крие предлогот од Нимиц? Дали е навистина поволен како што сакаат да не убедат, или со тоа ќе се зацементира нашиот пораз во меѓународната политика. Кои се најпогубните детали од договорот. Прочитајте!

Иако пред се` ова треба, а и е забавен медиум, времето во кое се наоѓаме ме обврзува јасно да го искажам мојот став и да посочам на погубноста од последниот предлог на Нимиц, кој навидум е наивен, но само ако не му се придаде значење.

Пред да почнете да читате, да ве предупредам, ова ќе биде емотивен текст, за некои патриотски, за некого националистички, за некои ирационален. Мое е само да предупредам, ваше е да одлучите дали освен трагикомичните мочковци кои сакаат да се нарекуваат експерти, ќе го прочитате и овој муабет.

Пред неколку дена, на шега, иронично предложив да се викаме Република Македонија – Долно Дупени. Појаснив и зошто – најважното, со тоа ќе го отсликаме најдобро нашиот силен карактер во овие времиња и буквално ќе докажеме дека секако сме Долно Дупени. Потоа се заебавав со легендарниот Едвард Џозеф на кој Драганче може вода да му носи... Но, во меѓувреме машинеријата распали и народот омекна....

Што е со предлогот на Нимиц:

Прво, се предлага смешно име за земјава, кое ќе стане предмет на поткусурување и подбивање на странските пропагатори, тука пред се мислам на оние од соседните држави, за кои веднаш ќе станеме Скопјани. Оној што интернетот го искористил барем еднаш да прочепка што се случува по светските форуми, канали, па дури и нашата блогосфера - ќе му стане јасно за што зборувам. Оние што ја немале таа прилика, не можат ни да сонуваат!

Второ и мошне важно за нас, во предлогот стои дека само, името Македонија во ниту еден случај не ќе може да се користи како име на Република Македонија. Значи буквално никаде! Ни на дресови, ни на спортски натпревари, ни кога ќе не изговараат во билатерални средби, буквално никаде. Секаде ќе се потенцира Рипаблик оф Маседониа Скопје. Тоа понатаму може да доведе до ситуација дел од земјите да не нарекуваат само Скопје (како што не нарекува сега Поранешната отоманска провинција), а со тоа да се изгуби македонскиот идентитет во замена за некаков скопски.

Трето, т.н. експерти, кои до вчера жалеа по вештачката распадната држава, тврдејќи дека нема да опстанеме доколку се осамостоиме и денес го прават истото. Чукајќи се в гради дека се „најголемите“ Македонци, ја лажат јавноста дека новото име ќе биде замена за идиотската референца. Ова е конечно и последно меѓународно име на Македонија! После ни Цацко не го менува. Име, а не референца! И самите ја знаат разликата, ама свесно манипулираат со граѓаните. Причините да го прават тоа, ги знаат само тие, ние можеме да си претпоставуваме.

И четврто, со самото тоа што се преговара за името на Македонија, докажуваме дека сме килава нација, со инвалидска држава. Никакви сојузи и алијанси нема да ја кренат државата, ако го работиме ова што го работиме. Ако потпаѓаме на влијанието на т.н. експертска јавност која успешно пере мозок.

Интернетот како нов медиум и за среќа релативно непознат на гореспомнативе малоумни петтоколонашки елементи, верувам дека ќе донесе ново светло во македонскиот медиумски простор. Ако може некои дневни весници со тираж од 5-6000 отворено да пропагираат смена на името и да се прикажуваат како релевантни фактори во оформување на јавното мнение, тогаш зошто и Таратур со дневна посетеност од 7000 посетители, да не може да пропагира зачувување на нашето вековно име? Ме радува тоа што уредниците на македонските позначајни портали не се извалкани воопшто како нивните колеги на дел од класичните медиуми и свесно и трезвено го имаат изградено ставот околу ова прашање. Многу нормално е интернет медиумите во иднина да бидат уште помоќни во однос на сега и многу полезно е нивната чистота да остане каква што е.

И на крајот да прашам, Македонија има сила?



28.03.2008



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com