Во жестоката конкуренција за најбизарни наслови на книги напишани на англиски јазик победата ја однесе интересниот прирачник „Ако сакате да раскинете, почнете со своите нозе“.
Водичот за самопомош
If You Want Closure In Your Relationship, Start With Your Legs е прогласена за книга со најчуден наслов за изминатата година.
Наградата која ја доделува магазинот Bookseller за влакно му побегна на еден од главните фаворити „Одбиен сум од пигмејската кралица на љубовта“.
На трето место се најде книгата „Решение за проблемите со сирење".
На доделувањето на наградите главниот уредник на магазинот
Џоел Рикет за победничката книга рече дека „насловот и е толку ефективен што нема потреба да ја прочитате самата книга", односно вели дека книгата го направила бесцелен целиот жанр такви книги.
Авторот на овој прирачник се вика
Биг Бум, а неговата книга била карактеризирана како „прирачник за самопомош напишан од страна на маж за доброто на жените“.
28.03.2008