Наместо како циркузанти да мавтате со рацете кога ќе треба да свртите за да дадете сигнал, сега тоа ќе го направи специјалната јакна за велосипедисти која ја презема улогата на трепкач.
Производот кој оптимистички се рекламира со мотото „Безбедноста на прво место“ доаѓа од креативните раце на Леј Бучли која работи на развојот на е-текстилната технологија позната како LilyPad Arduino. Станува збор за разни електронски уреди вметнати во облека на кои не им смета перењето, а на облеката и даваат функционалност.
Јакната со вграден трепкач можеби не е некој квантен скок во споредба со класичното класично кревање рака кое не бара никаков претеран напор, но може добро да ви дојде во определени прилики, како на пример при полошо време, кога управувањето со една рака е поризично.
Управувањето на уредот е лесно, со помош на едноставните контроли на зглобовите на рацете, на грбот се вклучуваат сигнали за лево и десно.
Недостатокот на овој симпатичен изум е двоен. Прво не смеете ништо да носите на грб, а второ на возачите воглавно им пука куплунгот за вашите смешни ламбички.
Велосипедска јакна
26.03.2008