Ако се усвои законскиот предлог на детската правобранителка, полските тинејџери кои се впуштаат во сексуални игри ги чека затвор. Ај после .... да те видам!
Полската детска правобранителка
Ева Совинска, истата таа која им забрани на децата да гледаат Телетабиси, бидејќи сметаше дека
Тинки Винки дискретно пропагира хомосексуалност, поднесе предлог закон според кој на малолетниците во Полска ќе им се забрани секаква полова активност, бидејќи како што смета, „заштитата на правата на детето почнува со раѓањето, а завршува со полнолетството“, додека полскиот закон во некои работи ги штити децата само до 15 година.
Доколку помине овој предлог закон, малолетниците кои ќе се впуштат во сексуални игри со своите партнери би можеле да завршат зад решетки.
Предлог законот ги изненади и шокира многумина во државата.
„Законите во разни земји дозволуваат сексуален однос со лица постари од 14 или 16 години, што произлегува од физиолошки и психички потреби, како и од културолошки вредности“, вели
Збигњев Издебски познат полски сексолог.
Тој истакна дека младите кои се поинформирани за сексот и сексуалниот живот воглавно подоцна стапуваат во сексуални односи и имаат помалку проблеми со несакана бременост.