Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Нема секс за малолетници


Ако се усвои законскиот предлог на детската правобранителка, полските тинејџери кои се впуштаат во сексуални игри ги чека затвор. Ај после .... да те видам!

Полската детска правобранителка Ева Совинска, истата таа која им забрани на децата да гледаат Телетабиси, бидејќи сметаше дека Тинки Винки дискретно пропагира хомосексуалност, поднесе предлог закон според кој на малолетниците во Полска ќе им се забрани секаква полова активност, бидејќи како што смета, „заштитата на правата на детето почнува со раѓањето, а завршува со полнолетството“, додека полскиот закон во некои работи ги штити децата само до 15 година.

Доколку помине овој предлог закон, малолетниците кои ќе се впуштат во сексуални игри со своите партнери би можеле да завршат зад решетки.

Предлог законот ги изненади и шокира многумина во државата.

„Законите во разни земји дозволуваат сексуален однос со лица постари од 14 или 16 години, што произлегува од физиолошки и психички потреби, како и од културолошки вредности“, вели Збигњев Издебски познат полски сексолог.

Тој истакна дека младите кои се поинформирани за сексот и сексуалниот живот воглавно подоцна стапуваат во сексуални односи и имаат помалку проблеми со несакана бременост.

25.03.2008




ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!