Интернет играта која ги освои малите Британки ги згрози нивните родители. Целта е да станете најбогатата и најславната шмизла на светот и тоа со изгладнување или со помош на хируршки нож.
Здруженијата на родители и објавија војна на интернет играта
Miss Bimbo во која млади девојчиња, некои стари само девет години, можат да си купуваат операции на градите и
фејслифтинг, а целта на играта е да станете „најсекси, најкул и најславната шмизличка на светот“.
Играчите добиваат свој виртуелен лик за кој мора да водат сметка, како и да се натпреваруваат со другите за да заработат пари кои можат да ги трошат на дизајнерска облека и излегувања.
Добиваат и задачи, меѓу кои подложување на пластична хирургија (најчесто станува збор за зголемување на градите), додека тежината на својот виртуелен лик мора да го одржуваат со строги диети и таблети за слабеење.

Иако играта е бесплатна, кога ќе останете без виртуелни пари, можете да пратите порака која чини 2 евра или преку
PayPal да си ја наполните сметката.
„Една работа е кога детето ќе препознае дека станува збор за смешна и глупава игра. Но, сосема друга е кога некое деветгодишно девојче нема да сфати дека станува збор за иронија, туку шмизлата ќе и стане пример, а тогаш играта станува погубна“, вели еден од загрижените родители.
Оваа игра минатата година беше објавена во Франција и тогаш се најде на удат на нутриционистите и загрижените родители. На Британците играва им е достапна само еден месец и веќе има 200.000 играчи, кои воглавно се девојчиња на возраст од 9 до 16 години.
„Играва нема лош ефект врз децата. Учат како да се грижат за своите шмизлички и ги запознаваат децата со реалниот свет“, вели
Николас Џекарт, 23-годишен дизајнер на играта.
Повеќе:
missbimbo.com
25.03.2008