Ај што ми е мило ем драго, како Џордан гради да имам
Британските тинејџерки се под огромно влијание на таблоидите и квази-ѕвездите кои се појавуваат на насловните страни, а особено е загрижувачко влијанието на старлетата Џордан. Како последица од ова се почесто бараат силиконски гради за 18 роденден.
Младите Британки на возраст од 16 до 18 години сакаат да имаат гради како Кети Прајс, односно Џордан и другите ѕвезди со големи силиконски гради, па бараат од родителите како подарок за 18 роденден да им овозможат пластична операција на градите.
„Младите девојки секојдневно читаат за ѕвездите со силиконски гради. Тоа во нашите медиуми е толку застапено, што се чини како нормална работа. Несомнено, тоа има големо влијание кај девојките, посебно кај несигурните“, вели Шами Коудри, портпаролка на една клиника за естетска хирургија.
Според истражувањата, интересот меѓу младите за естетска хирургија во 2007 е зголемен за загрижувачки 150 посто. Причините за подложување на естетски операции според експертите се апсурдни и не би требало да наидат на одобрување кај родителите.
Некои девојки се оперираат за да „изгледаат што поубаво на плажа“, а еден татко на 18-годишната ќерка и дозволил силикони, бидејќи како што вели „половина живот е очајна затоа што нема со што да го пополни омилениот градник“.
29-годишната старлета Џордан досега се подложи на осум операции за зголемување и намалување на градите, а со приказните за незадоволство од своето тело ја направи популарна.
Психологот Ејлин Бреjбери вели дека старлетата е опседната од естетската хирургија, а таквиот стил на живот, благодарејќи на медиумите кои ја следат, се сфаќа како пожелен и што е најлошо од се, како нормален.
Џордан и причината за нејзината слава (16+)