Анкета
Најнова Фотка
Миљеници бакшиш
Помош за Мила
Мила
Аирлија нека е!
Airlija

Почина Борис Дворник


Во 69 година од животот почина еден од најголемите хрватски театарски, телевизиски и филмски актери. Сè уште не е позната причината за неговата смрт.

Веста рано утрово ја објави Радио Далмација, повикувајќи се на извори од сплитската болница. Во овој момент не е познато од што починал.

Борис Дворник е роден на 16 април 1939 година во семејство на дрводелец. Својот актерски талент го открил во раното детство, настапувајќи во детски претстави. Завршил средно актерско училиште во Нови Сад, а подоцна се запишал на Казалишната академија при Универзитетот во Загреб. Вистинската кариера почнал да ја гради со улогата во филмот „Деветтиот круг” на Штиглица.

Зад себе остави повеќе од 40 улоги во долгометражни играни филмови, телевизиски драми и серии. Заедно со Љубиша Самарџиќ, Милена Дравиќ и Бата Живоjиновиќ стана една од врвните ѕвезди на југословенската кинема- тографија. Последните неколку години паузираше од актерството, поради преживеаниот мозочен удар.

Раскинувањето на неговото пријателство со Бата Живојиновиќ, кога во 1991 година јавно се откажаа еден од друг, се сметаше за симбол на распаѓањето на СФРЈ. Тринаесет години подоцна, преку видео линк помеѓу Сплит и Белград, двајцата актери јавно се смирија. Тогаш Дворник изјави дека тоа било само едно „недоразбирање”.

Во 1962 година се ожени со Дијана Дворник со која има два сина, музичарите Деан и Дино Дворник.

24.03.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Фифа се откажа од санкциите за Полска
Фифа се откажа од санкциите за Полска
slikaПолска најверојатно ќе помине без остри санкции откако утре во Фудбалската федерација ќе се вратат сменетите челници.
Ливерпул остана без Шкртел
Ливерпул остана без Шкртел
slikaСловачкиот репрезентативец ќе остане надвор од терените прилично долг период, откако во неделниот натпревар со Манчестер Сити се здоби со тешка повреда на коленото.
Сколари по Лавеци
Сколари по Лавеци
slikaСпоред англиските и италијанските медиуми, во јануарскиот преоден рок Челзи, по препорака од тренерот, ќе понуди најмалку 10 милиони фунти за Езекиел Лавец од Наполи.
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка
slikaМенаџерот на Тотенхем вели дека нема намера да го напушти сегашниот клуб, иако Спарси се соочуваат со најлошиот старт на сезоната во последните 100 години.
Се соблече да ја пуштат в ринг!
Се соблече да ја пуштат в ринг!
slikaСимпатичната Американка на првото мерење имала килограм повеќе, но ни под разно не сакала да и го предаде мечот на соперничката Кели Кобалд. Џина извела стриптиз и на крај славеше со одлука на судиите!
Робен се повреди по којзнае кој пат
Робен се повреди по којзнае кој пат
slikaРеал беше приморан да постигне гол за да се врати во натпреварот, па Шустер во второто полувреме се реши да го вметне во игра Робен...
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми
slikaФудбалерите на Севиља го декласираа Атлетик Билбао со 4:0, додека екипата на Спортинг Хихон ги забележа првите бодови во оваа сезона.
Резултати сега!
slika