Жените кои за себе мислат дека се убави и атрактивни сакаат се`. Верни, грижливи и згодни партнери со дебело кесе и одлични родителски способности. Колку се сметаат за понепривлечни, толку се намалуваат критериумите. Таквите се задоволуваат со она што го имаат.
Според студијата објавена во магазинот Evolutionary Psychology, што ја направија научниците од Флорида Атлантик универзитетот, постои голема поврзаност на изгледот на жените и очекувањата за партнерот.
Според поранешните истражувања се сметало дека ако жената бара стабилна врска, тогаш и треба добро ситуиран партнер, а за авантура важна и е привлечноста. Овие критериуми ги имаат помладите.
Новото истражување покажа дека жените ги сакаат сите добри карактеристики кај мажите, но се намалуваат критериумите зависно од тоа колку се самите пожелни.
Научниците ги поделиле карактеристиките во четири групи: добри гени, ситуираност, родителски квалитети и верност. Повеќето жени се обидуваат да ја добијат најдобрата комбинација од сите особини и тоа од еден маж. Некои кои нема да добијат се, компензираат со други особини.