Луѓе исчезнавмеееееее!

Ме фати вчера еден склет со проблемиве таратурски, па седнав троа да видам телевизија, онака чисто до кај сме со земјава – ќе се прекрстиме или поретко. Си сварив кафенце, си се оптегнав пред телевизор и танта – раааа, оп прво мавање – Македонија е пред исчезнување!

А бе аман, не сме Македоносаурус цвикаториа, па да исчезнеме така наеднаш. Башка, си планирав за тогаш некои работи. Животот иде брзо ко река, треба да си знаеш за десет години што те чека. А, што ме чекало, ебати животот, ебати!

И дури не си рекол: Меѓународната кризна група, ете ти го Едвард Џозеф со загрижена и тажна фаца. Си помислив - умрела баба му, Бог да ја прости. Ама се заебав - не било тоа работата.

- Горааан, Лидијаа, многу сум загрижен за вас. Соседите се педери, ако не влезете сега во НАТО тешко вас. Нема никогаш да влезете. Се плашам дека за десет години Македонија ќе ја снема.

„Море тебе да те снема, огно да те изгори“, ја слушам комшивкана Цена кај што се дери откарши.

Оф леле мори мајко, си велам, малку ни беа Геровци, Фрчковци, Eфтовци, иксови и нули новинарски, па како засилување дојде и типот кој во 2001 „успешно“ ја изменаџира кризата. Ама тоа е, во село без кучиња, и вакви мочковци се најголеми курнази. Ах, да не заминеше во Австралија Киро Биберо, па да му го пратев, да му го опраеше сурато малку, па него да му исчезнеше ѓоа загриженоста од фацата.

Станав, се истегнав, појдов до веце да се изркам таму еден зелен како последица од горенаведениов и излегов да се прошетам... оти уште малку време има. Луѓе шетајте, уживајте, живејте додека можете оти за десет години - исчезнавмеееееее!




22.03.2008



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com