logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Религиозните се посреќни

Научниците докажаа дека религиозните луѓе се многу посреќни од атеистите и агностиците. Истражувањето покажа дека религијата делува како „полиса за осигурување“ во соочувањето со животните тешкотии. Исто така, студијата покажа дека верниците кои редовно одат во црква имаат поголема способност да се соочат со неприликите како развод или невработеност. Студијата опфати испитаници од цела Европа, а целта била да се испита ефектот на религиозноста врз животното задоволство, како и ставовите спрема државната политика. Студијата презентирана на годишната конференција во Ковентри, Британија организирана од Royal Economic Society's покaжува дека религијата делува како „полиса за осигурување“ против проблемите. Иако идејата за верата како ’тврдина’ не е нова, „на прашањето за осигурување изненадувачки досега се придавало мало внимание“, тврдат авторите на студијата. Професорите Ендрју Кларк и Орсолија Лелкес пронашле моќна врска помеѓу верата и политичките уверувања. Така на пример, на религиозните луѓе помалку им влијаат тешкотиите како што е невработеноста.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2690