logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Повторно ќе се снима Беверли Хилс?

Режисерот Дарен Стар од неколку малолетни анонимни актери направи вистински ѕвезди кои во неговиот хит Беверли Хилс 90210 станаа глобално обожавани тин икони. Десет години серијата го окупираше светот, а сега осум години откако е прекинато со прикажување, со режисерот Роб Томасон се преговара за повторно снимање на истоимената серија, која исто како и претходната, ќе ги прикажува сите проблеми со кои се среќаваат децата на пребогатите родители од Лос Анџелес.
До крајот на месецов треба да се донесе конечна одлука за тоа дали серијата повторно ќе се снима, и дали евентуално некој од оригиналните ликови ќе добие улога во новиот серијал. Сега засега е познато дека серијата ќе биде продуцирана од CBS Paramount Network TV.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2638