logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Лично ѕвездено небо

Стелариумот е бесплатен планетариум за вашиот компјутер. Со негова помош ќе можете да набљудувате реалистично небо во 3Д. Ѕвездите ќе изгледаат исто како да ги набљудувате со телескоп. Кога на програмате ќе и ги дадете координатите, на екранот ќе ја видите истата работа која ќе ја видите и на небо.
Програмата има основен каталог од над 600.000 ѕвезди, а во дополнителните каталози се наоѓаат преку 210 милиони небесни тела. Можете да ги набљудувате ѕвездите претставени во 10 различни светски култури. На небото можете да зумирате, да барате објекти да ги набљудувате како светликави точки или како илустрации.
Стелариумот има отворен код, така што целосно можете да си го прилагодите. Многу е едноставен за користење. Има варијанти за Виндоус, Линукс и Мак. Повеќе: www.stellarium.org [1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2635