logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Ник Кејв со сценарио за нов филм

После филмот Proposition од 2005 година, славниот музичар и писател Ник Кејв повторно почна да пишува сценарио за режисерот Џон Хилкот. „Не знам кога ќе почне снимањето. Луѓето секогаш ми бараат да се занимавам и со некои други работи освен музика, како пишување сценарија. Некогаш ми се чини дека всушност ништо и не правам, но секако многу работи се спремаат“, рече Ник Кејв и ја оправда оваа изјава со фактот дека наголемо работи на својот нов роман. Новиот роман ќе биде продолжение на славниот роман од 1989 година „And the ass saw the angel“.
Кејв, кој на 4 јуни ќе може да го видиме во Белград со бендот The Bad Seeds, не сакаше да го открие заплетот на идниот филм, како ни својот роман, но сепак даде увид во она што се нарекува „движечка идеја на креативен процес“. „Не сакам да зборувам за правењето филм, како ни за романот и се да избаксузирам, но размислувам за сето тоа. На почетокот добиваш идеја за која не си ни сигурен дека е добра ... потоа таа расте, созрева и едноставно знаеш дека тоа е всушност она вистинското.“ Првичните информации за филмот „Death of a Ladies' Man“, кој ќе го режира Хилкот, по сценарио на Ник Кејв е дека се работи за комедија за сексуално опседнат продавач кој го користи продавањето од врата на врата да запознава жени.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2584