Еден од најпопуларните хумористични серијали на сите времиња за прв пат ќе се емитува во германскиот ТВ етер. Германските телевизии над 20 години ја игнорираа серијата која се зафркаваше со нацизмот и Втората светска војна.
Договорот меѓу Би-Би-Си и Прозибен Сат1 се смета за револуционерен со оглед на специфичната тематика која ја „работеше“ популарниот серијал. Имено, над 20 години Германците ги игнорираа Рене, Хер Флик и компанија.
„Многу сме среќни што ПроЗибен се реши да ги откупи сите 83 епизоди. Сега германските гледачи ќе можат да ги следат доживувањата на Рене, Едит и Гестапо, а се надевам дека ќе ги освојат некои од легендарните фрази како на пример ’ 'Listen very carefully, I shall say this only once’“, рече портпаролот на Би-Би-Си.

Серијата „Ало ало“ почна да се снима во 1982 година и за многу брзо време стана една од најпопуларните британски хумористични серии. Нејзините протагонисти како
Гордон Кеј, кој го отелотвори ликот на легендарниот Рене Артоа, и ден денес, по 26 години откако беше снимена првата клапа доживуваат на улица да ги ословуваат со имињата од серијата.