Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Ријана забрани чадори


Младата аренби ѕвезда ги замоли своите обожаватели за време на нејзините концерти да не носат чадори. Бизарното барање всушност е неопходно, од оправдани причини – имало повредени.

Ријана забрани носење чадори на нејзините концерти во Велика Британија од безбедносни причини.

Откако минатата година ги запоседна сите топ листи со својот хит Umbrella (Чадор), пејачката мораше да го забрани носењето чадори на нејзините концерти, бидејќи некој би можел да се повреди доколку го имитира нејзиниот настап.


Секако, има причина за ваквата загриженост - на нејзината европска турнеја, веќе неколку посетители се здобија со повреди по вакви чадор-инциденти.

Бизарното барање за прв пат е изречено во Шкотска, каде Ријана настапи на почетокот на неделава.

„Обично не бараме од луѓето своите чадори да ги оставаат надвор. Но станавме претпазливи по неколку несреќи. Знаеме дека Ријана изведува точка со чадор, па не сакаме додека луѓето ја копираат, некој да остане без око“, објасни одговорниот за концертот во Абердин Енди Мекдоналд.

5.03.2008




ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!