Самиот концепт на затворот Абу Граиб ги натерал американските војници брутално да се однесуваат и да ги понижуваат затворениците. ’Синдромот на Луцифер’ често ги наведува чуварите на демонско однесување.
Славниот професор по социјална психологија од универзитетот Стенфорф во Калифорнија, Филип Зимбардо ги презентираше шокантните фотографии од злоставување во ирачкиот затвор, кои беа откриени во 2004 година и го објасни „Луциферовиот синдром“, кој ги наведува обичните чувари на демонско однесување.
„Ако на некои луѓе им дадете власт и ако не се под надзор, тоа е формула за сите злоставувања“, рече Зимбардо на научната конференција во Монтереј.
„Злосторствата во Абу Граиб се случувале цели три месеци. Кој вршел надзор? Никој, а тоа е намерно направено!“
Зимбардо изјави дека фотографиите од Абу Граиб го шокирале, но не го изненадиле, објаснувајќи дека околностите може да ги претворат луѓето во херои или демони.
75-годишниот Зимбардо во 1971 водеше истражување во кое група студенти-доброволци во текот на летниот распуст добиле улога на чувари, а друга група како затвореници во импровизиран затвор во подрумот на зградата на Универзитетот Стенфорд.
Лажните чувари станале толку садистични, а лажните затвореници толку многу престрашени што истражувањето морало предвреме да биде прекинато.
Истражувањето во Универзитетот Стенфорд
Прв дел:
Втор дел:
Трет дел: