Самиот концепт на затворот Абу Граиб ги натерал американските војници брутално да се однесуваат и да ги понижуваат затворениците. ’Синдромот на Луцифер’ често ги наведува чуварите на демонско однесување.
Славниот професор по социјална психологија од универзитетот Стенфорф во Калифорнија, Филип Зимбардо ги презентираше шокантните фотографии од злоставување во ирачкиот затвор, кои беа откриени во 2004 година и го објасни „Луциферовиот синдром“, кој ги наведува обичните чувари на демонско однесување.
„Ако на некои луѓе им дадете власт и ако не се под надзор, тоа е формула за сите злоставувања“, рече Зимбардо на научната конференција во Монтереј.
„Злосторствата во Абу Граиб се случувале цели три месеци. Кој вршел надзор? Никој, а тоа е намерно направено!“
Зимбардо изјави дека фотографиите од Абу Граиб го шокирале, но не го изненадиле, објаснувајќи дека околностите може да ги претворат луѓето во херои или демони.
75-годишниот Зимбардо во 1971 водеше истражување во кое група студенти-доброволци во текот на летниот распуст добиле улога на чувари, а друга група како затвореници во импровизиран затвор во подрумот на зградата на Универзитетот Стенфорд.
Лажните чувари станале толку садистични, а лажните затвореници толку многу престрашени што истражувањето морало предвреме да биде прекинато.
Лазаров прими признание за најдобар стрелец Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Пет години Романово царство Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.