logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Поранешен чистач на Евросонг

На овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Белград, Велика Британија ќе биде претставувана од 43-годишниот Енди Абрахам, поранешен чистач на улици. 43-годишниот Абрахам ја воодушеви британската публика со својата изведба на синоќешниот избор за британски претставник ан Евросонг. „Откачив целосно. Што да ви кажам, публиката гласаше за мене и јас сум на Месечината, изјави Абрахам по објавата на резултатите. „Во Србија ќе дадам се од себе, за мојата земја да биде горда на мене. Искрено се надевам дека европската публика ќе и даде шанса на мојата песна.“ Погледнете ја победничката британска песна:

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2441