
Најголемиот германски бункер, проектиран да ја заштити владата на Западна Германија од нуклеарен напад, ќе ја отвори својата врата за јавноста. Погледнете какви тајни крие бункерот Мариентал.
Закопан во планината Арвајлер до градот Артал, во близина на Бон, седиштето на поранешната Сојузна Република, бункерот е конструиран за да може еден месец да пружи заштита на три илјади луѓе.

Викендов, скоро две децении по падот на Берлинскиот ѕид, посетителите ќе можат да го видат контролниот центар на бункерот, претседателската конференциска и соба и да ја посетат комората за деконтаминација.
Тоа е навистина импозантно место. Ве прави прилично напнат и ви создава непријатност кога ќе помислите на недостигот на дневно светло и како луѓето тука би требало да работат со денови и недели“, вели Хајнц Шеневалд, водич од туристичката асоцијација на Ахртал кој ги организира посетите во бункерот.

Локацијата првобитно е ископана во 1903 како железнички тунел кон Франција. Во текот на Втората светска војна нацистите ги користеле логорашите од Аушвиц и Бухенвалд за да го прошират комплексот во кој ги чувале ракетите V2.

Западногерманската влада комплексот го претворила во бункер од 1960 до 1972 за време на кулминацијата на студената војна и направила 19 километарски лавиринт.
За цена од 5 милијарди тогашни германски марки, или отприлика 10 милијарди евра во денешна вредност, тоа било најскапиот германски бункер, а имал скоро 1000 соби за спиење, околу 900 простории со најразлични уреди и пет болници.
1.03.2008



























