Снимањето на четвртиот Терминатор почнува во мај во Ново Мексико со Кристијан Бејл во улогата на бунтовникот Џон Конор. Во киносалите треба да пристигне година подоцна.
Официјално е објавено дека четвртото продол- жение на Терминатор со кинодистрибуцијата ќе почне на 22 мај 2009.
Во филмот
Terminator Salvation: The Future Begins,
Кристијан Бејл ќе го глуми Џон Конор, водач на преживеаните по нуклеарниот ’холокауст’, со цел да се запрат машините во нивната намера.
Режисерот на Чарлиевите ангели,
McG ќе ја работи режијата и на овој филм, за кој уште сега веќе се шпекулира дека ќе биди прв дел на новата трилогија за Терминатор.
Продукцијата започнува во мај годинава во Ново Мексико, што ќе биде и најголемиот филм снимен во историјата на таа американска сојузна држава.
Ем-Си Џи вели дека Ново Мексико совршено ќе го претстави сувиот запад на САД во постапокалиптичната иднина.
Последниот филм за Терминатор,
Terminator 3: Rise of the Machines со
Арнолд Шварценегер од 2003, заработи само во САД преку 150 милиони долари.