logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Електронско мени во рестораните

Рестораните во Европа, САД и Јапонија тестираат нова технологија што на гостите ќе им овозможи јадењето да го нарачаат директно од екранот на нивната маса, наместо, да зависат од келнерите. Освен намалувањето на трошоците, компаниите што ќе го продаваат ова „електронско мени“, тврдат дека тој ќе ги привлече младите гости и ќе го зголеми профитот, бидејќи примамливите фотографии на сочните парчиња месо или пак на примамливите десерти, едноставно ги принудуваат гостите да нарачаат уште. Оваа идеја би можела да остане само уште еден во низата трикови, но се чини дека засега ги оправдува барањата. Синџир на приватни ресторани Концептик во Израел веќе ја вгради оваа технологија во суши баровите, кафулињата и семејните ресторани. Системот се базира на тач - скрин технологија што веќе се користи во самопослугите или за купување на билети во кината и на аеродромите. „Ако гостинот види слика на чоколаден колач, има големи шанси дека ќе го порача“, вели извршниот директор на Концептик Ади Читајат. Оваа компанија со истите системи ги опреми и своите ресторани во Франција, Јужноафриканската Република и во Белгија.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2361