logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео - Добитници на Оскарите се:

No Country for Old Men на браќата Коен е најголемиот победник на 80-то јубилејно доделување на Оскарите со четири освоени награди, вклучувајќи ја и таа за најдобар филм. Мерион Котилард и Даниел Деј Луис се најдобри актери. Видео од црвениот тепих! Победник на 80-то јубилејно доделување на Оскарите, кое во неделата навечер се одржа во театарот Кодак на булеварот Холивуд во Лос Анџелес, е филмот No Country for Old Men на браќата Џоел и Итан Коен, кој е награден за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио и споредна машка улога.
Даниел Деј Луис го освои Оскарот за најдобра машка улога во филмот There Will Be Blood на режисерот Пол Томас Андерсон. Филмот имаше осум номинации, како и No Country for Old Men, а покрај таа за најдобар актер ја освои и наградата за најдобра камера.
Оскарот за најдобра женска главна улога и припадна на Мерион Котилард за La Vie en Rose, додека за најдобра женска споредна улога наградена е Тилда Свинтон за улогата во филмот Michael Clayton. Оскарот за најдобра машка споредна улога го освои Хавиер Бардем за No Country for Old Men. Добитник на Оскар за најдобар странски филм е австрискиот The Counterfeiters, додека во категоријата на најдобар анимиран филм победи долгометражниот филм Juhu-hu. Водител на ова јубилејно доделување на наградите на Академијата беше комичарот Џон Стујарт, а помеѓу најавувачите преку сателитска врска се појавија и американските војници во Багдат. Целата листа на Оскаровци погледнете ја овде [1]. Видео од црвениот тепих:

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2333