No Country for Old Men на браќата Коен е најголемиот победник на 80-то јубилејно доделување на Оскарите со четири освоени награди, вклучувајќи ја и таа за најдобар филм. Мерион Котилард и Даниел Деј Луис се најдобри актери. Видео од црвениот тепих!
Победник на 80-то јубилејно доделување на Оскарите, кое во неделата навечер се одржа во театарот Кодак на булеварот Холивуд во Лос Анџелес, е филмот No Country for Old Men на браќата Џоел и Итан Коен, кој е награден за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио и споредна машка улога.
Даниел Деј Луис го освои Оскарот за најдобра машка улога во филмот There Will Be Blood на режисерот Пол Томас Андерсон. Филмот имаше осум номинации, како и No Country for Old Men, а покрај таа за најдобар актер ја освои и наградата за најдобра камера.
Оскарот за најдобра женска главна улога и припадна на Мерион Котилард за La Vie en Rose, додека за најдобра женска споредна улога наградена е Тилда Свинтон за улогата во филмот Michael Clayton.
Оскарот за најдобра машка споредна улога го освои Хавиер Бардем за No Country for Old Men.
Добитник на Оскар за најдобар странски филм е австрискиот The Counterfeiters, додека во категоријата на најдобар анимиран филм победи долгометражниот филм Juhu-hu.
Водител на ова јубилејно доделување на наградите на Академијата беше комичарот Џон Стујарт, а помеѓу најавувачите преку сателитска врска се појавија и американските војници во Багдат.
Ливерпул ризикува да го загуби Торес Како што велат англиските медиуми, одложувањето на преговорите за нов договор со Бенитез може да се одразат и на неговиот сонародник, кој воедно е и најефикасен фудбалер во клубот.
Кол и Тери ќе ја пропуштат Белорусија Двајцата дефанзивци ќе го пропуштат наредниот натпревар во кој Англија, на гостински терен, ќе се обиде да ја совлада репрезентацијата на Белорусија.
Видео: Бразил славеше во Венецуела Бразилците немаа поголеми проблеми да слават на гостувањето во Венецуела, а за тоа се погрижија ѕвездите Кака, Робињо и Адриано.
Курањи исфрлен од репрезентацијата Селекторот на Германија Јоаким Лев го исфрли напаѓачот Кевин Курањи од репрезентацијата заради повреда на дисциплината.
Возбудлива трка со многу казни и неочекуван расплет По највозбудливот старт досега сезонава, и уште неколкуте контроверзни и казнети преминувања, Фернандо Алонсо изненадувачки стигна до неговата втора по ред победа оваа сезона, 21 во кариерата.
Квалификации за СП2010 - резултати и видео Во третото коло од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2010 во Јужна Африка, фаворитите беа речиси секаде поуспешни. Во нашата група, Шкотска и Норвешка ремизираа.
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм Што имаат Бризбејн, Бангкок и Берлин заедничко? Сите градови имаат фан клуб за Хофенхајм, што е навистина одлично за новодојденец во Бундеслигата кој имаше само еден официјален фан клуб до 2006.