Еве и јас да допринесам во овие тешки судбински денови, па со еден краток осврт да ги поддржам нашите евровизиски интегративни процеси и накратко да им раскажам на среќниците кои не гледале избор за Евровизија колку се среќни што ја имале таа шанса....
Како прво, и до денес не успеав да сфатам која е врската меѓу „легендите“
Силви Бенд и Македонската телевизија, а овој есенцијален за човештвото проблем ме мачи уште од популарната „Оваа сабота, добивки без работа... заиграј со дада, латино ламбада“.
Па така, откако убаво и поштено Силви им закачи по четири-пет шлајма на и онака разлигавените евровизиски песни и ги разгмечи небаре ги пее лично и персонално великата
Стоја од северниов ни сосед, почна значајната манифестација.
Мора да се признае дека импресионира изборот на водители што го направи МТВ. Вечната
Живкица и нејзината графика, а како засилување Бранче, овај
Борче срцка, кој очигледно се збунил па наместо лакот за коса, го зел тој за паркет .... но и тоа не е се, за истите пари ја имавме и бекстејџската
Маја Саздановска која скоро од сите најмногу се истакна... со своите градни атрибути.
И почна чудово што почна, па прв настапи
Сашо Гигов - Гиш поддржан од
Тони Михајловски и компанија. И првата мисла што ми падна на памет беше: што бара типов на евровизија, кога не го исполнува главниот критериум. Па човекот знае да пее, ебаго. А, тоа „музикалната“ македонска нација, на која главен репер и се музичките идоли
Јелена Карлеуша, Јована, Дара Бубамара, Азис, Гергана и томе слично, едноставно ќе знае да го оцени како што го оцени. Впрочем како што го оцени и музикалната
Лидија Кочовска.
Туку, јасно беше дека песната на Гиш нема да влезе во конформистичките евровизиски уши, а воопшто не беше јасно беше дека по него се појави ќерката од Конусовци. Чаршијата веднаш проработе и набрзо се разбра дека девојката била болна и затоа се појавила таква. Во таков случај, се извинувам ...

Потоа, следуваа
Паркети. Излигушени и тие, небаре Њукидсондблок ги слушаш. А, бе аман, доста е со песнички од Златно славејче и СиДо. Паркети беа паркети не поради плачипичкарските песни, туку поради панк рокот што го цепеа. Мала лична молба – благодарам за вниманието: Остајте му ги на
Хари Мата Хари таквите песничиња, човекот си го има истренирано сето до совршенство, што и мене ми доаѓа да заплачам кога ќе запее „прстен и златни ланац дат че ти Босанац, само да те једном пољуби“. Просто ме плени корумпираноста во песнава ....
По Паркети настапи
Ристо Самарџиев кој горе-долу успешно кокетираше со ска звукот, но и тоа очигледно не беше доволно за победа. И да не ги анализирам останатите песни секоја посебно, воглавно недокажани типчиња и моми кои можат да се опишат со кованицата – загреота!
Се појавија и такви кои кога пееја, ме вратија во прва средно, кога на другар ми Бакаро му мутираше гласот, па можеше без проблем сам да изведе дијалог, и да имате илузија дека се работи за два гласа... Еден танок и пискав, а другиот дебел... А и Б, како сакаш.
И следното што ми текна, пак се потсетив на детството. Се сетив, кога во прекрасните детски игри сите си имавме свој херој. Некој беше Рамбо, некој Супермен, друг Брус Ли, трет Нико, а Гоцко од Милка, сакаше да биде Американски нинџа.

Истово ми дојде кога ги видов победниците. Сигурно претходно си се имаат договорено: „Јас ќе бидам Џастин!“ Јас сум Пинк! и третиов: „Јас сум брука за раперите!“

Но, три илјади четиристотини и кусур гласа по 35 чинам дека беа денари, скоро 2000 евра. Е толку чинеше победата, плус уште нешто евентуално ако треба како поддршка за жирито. Ај честито нека им е, па успешно да ја претстават Македонија во Хард Рок…. овај, на Евровизија де!
Што друго на крајот да се истакне.....а, да! Како што рекол на времето Гете: Ако Австралија ја има џебната венера –
Кајли Миног, ние си ја имаме џебната цицка –
Ноне.
25.02.2008