logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Поради Косово одложена Беовизија

Музичкиот фестивал Беовизија, односно изборот на српски претставник за Евровизија 2008, што требаше да се одржи денес и утре, е одложен, поради ситуацијата предизвикана од прогласувањето на независност на Косово. „Одложувањето на нашиот фестивал деновиве, кога Косово еднострано прогласи независност, го сметам за прашање на национална одговорност и граѓански ред“, изјави Сандра Шуша, главен и одговорен уредник на забавната програма на српската национална телевизија. Според неа, одложувањето на Беовизија нема да влијае на спроведувањето на Евровизија 2008 закажана за 22 и 24 мај во Белград. Шуша рече дека засега не се знае кога точно ќе се одржи Беовизија, а најверојатно се работи за почетокот на март.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2277