Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Најголемата ’уметничка’ кражба


Од швајцарски приватен музеј се украдени четири слики на познати уметници проценети на 112 милиони евра. Тројцата маскирани крадци побегнале во бел автомобил.

Кантонската полицијата во Цирих соопшти дека станува збор за „спектакуларна кражба на уметнички дела“, која се случи во Collection E.G. Buehrle каде што се изложени дела на импресионисти и постимпресионисти.

Се знае само дека се тројца маскирани и наоружани мажи кои побегнале во бел автомобил.

Четирите украдени дела се: „Афиони кај Ветеол“ од Клод Моне (1879), „Грофот Лепик и неговите ќерки“ од Едгар Дега (1871), „Костен што цвета“ од Винсент Ван Гог (1890) и „Момче во црвено палто“ од Пол Сезан (1888).

Според вредноста на украдените дела ова е една од најголемите кражби на уметнички дела во последниве дваесет години. Крадците се во бегство, а истрагата е во тек.

12.02.2008



ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!