logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Почина македонскиот раскажувач

Препознатливиот глас од цртаните филмови, македонскиот раскажувач, актер, драматург и режисер ненадејно почина вчера во Скопје на 72-годишна возраст. Да се надеваме дека со него нема да замине и чистиот македонски збор од нашите телевизии. Борис Мајсторов беше жив учебник како се раскажува, како се зборува, како се доловува секој лик. И принц и глушец и мачор и селанец и принцеза и цар. Тој беше се`. Тој на генерации млади луѓе им го откриваше македонскиот јазик, неговата метрика, музиката на говорот и метафоричката димензија на зборот. Кога ги кажуваше приказните за деца, Борис Мајсторов буквално ги празнеше улиците, а преку сатиричниот лик на Чичко Аврам го персонифицираше духот на вечниот македонски непокор, пишува на веб страната на Македонската радио телевизија. Борис Мајсторов ќе биде една убава приказна која ќе се раскажува од колено на колено. За човекот кој им даде душа и на најобичните приказни. Гласот кој со задоволство ќе го слушаме уште многу, многу години. Зошто, си беше еднаш еден чичко Борис Мајсторов кој знаеше да зборува прекрасно македонски јазик. Добра ноќ, драги деца.... Погледнете повеќе цртани филмови синхронизирани од чичко Борис Мајсторов: moby.blog.com.mk [1] П.С. Кога ќе ги слушнам денес актуелните позајмувачи на глас – апсурдно е и да се споредат.... Не дај Боже па да гледате вести на Канал 5. Добро, кој ги учи така? Каква е таа дикција, секоја мисла да завршува со извик?

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2030