Препознатливиот глас од цртаните филмови, македонскиот раскажувач, актер, драматург и режисер ненадејно почина вчера во Скопје на 72-годишна возраст. Да се надеваме дека со него нема да замине и чистиот македонски збор од нашите телевизии.
Борис Мајсторов беше жив учебник како се раскажува, како се зборува, како се доловува секој лик. И принц и глушец и мачор и селанец и принцеза и цар. Тој беше се`.
Тој на генерации млади луѓе им го откриваше македонскиот јазик, неговата метрика, музиката на говорот и метафоричката димензија на зборот. Кога ги кажуваше приказните за деца, Борис Мајсторов буквално ги празнеше улиците, а преку сатиричниот лик на Чичко Аврам го персонифицираше духот на вечниот македонски непокор, пишува на веб страната на Македонската радио телевизија.
Борис Мајсторов ќе биде една убава приказна која ќе се раскажува од колено на колено. За човекот кој им даде душа и на најобичните приказни. Гласот кој со задоволство ќе го слушаме уште многу, многу години.
Зошто, си беше еднаш еден чичко Борис Мајсторов кој знаеше да зборува прекрасно македонски јазик. Добра ноќ, драги деца....
Погледнете повеќе цртани филмови синхронизирани од чичко Борис Мајсторов:moby.blog.com.mk
П.С.
Кога ќе ги слушнам денес актуелните позајмувачи на глас – апсурдно е и да се споредат.... Не дај Боже па да гледате вести на Канал 5. Добро, кој ги учи така? Каква е таа дикција, секоја мисла да завршува со извик?
Лазаров прими признание за најдобар стрелец Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Пет години Романово царство Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.