logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Откриен идентитетот на Мона Лиза

Германски стручњаци го потврдија вистинскиот идентитет на Мона Лиза по векови претпоставки за таинствената жена од славниот портрет на Леонардо да Винчи. Фиретинскиот професор беше во право. „На славната слика од Леонардо да Винчи е Лиса Џерданини, сопруга на фирентинскиот трговец со текстил, Франческо дел Џоконда“ изјави Виет Пробст, директор на Универзитет- ската библиотека во Хајделберг. Пробст за германската телевизија потврди дека до ова откритие пред две ипол години дошол дирек- торот на универзитетскиот оддел за ракописи. Идентитетот на Мона Лиза е откриен благодарение на рачно напишаната фуснота на документот кој му припаѓал на некогашниот сопственик на славната слика. Сопственикот бил современик на Леонардо кој редовно контактирал со него. Постоеја бројни претпоставки за тоа кој се наоѓа на портретот насликан во Фиренца помеѓу 1503 и 1506 година, а кој сега се наоѓа во музејот Лувр во Париз. Повеќето стручњаци сметаа дека се работи за сопругата на трговецот Дел Џокондо, па оттаму и нејзиното второ име Ла Џоконда, но првите докази за тоа ги изнесе професорот Џузепе Паланти од Фиренца во 2004г. Тој своето истражување го засноваше на списи од Џорџо Васари, сликар и писател од 16 век и прв биограф на Леонардо да Винчи.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/1980