Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Откриен идентитетот на Мона Лиза


Германски стручњаци го потврдија вистинскиот идентитет на Мона Лиза по векови претпоставки за таинствената жена од славниот портрет на Леонардо да Винчи. Фиретинскиот професор беше во право.

„На славната слика од Леонардо да Винчи е Лиса Џерданини, сопруга на фирентинскиот трговец со текстил, Франческо дел Џоконда“ изјави Виет Пробст, директор на Универзитет- ската библиотека во Хајделберг.

Пробст за германската телевизија потврди дека до ова откритие пред две ипол години дошол дирек- торот на универзитетскиот оддел за ракописи.

Идентитетот на Мона Лиза е откриен благодарение на рачно напишаната фуснота на документот кој му припаѓал на некогашниот сопственик на славната слика. Сопственикот бил современик на Леонардо кој редовно контактирал со него.

Постоеја бројни претпоставки за тоа кој се наоѓа на портретот насликан во Фиренца помеѓу 1503 и 1506 година, а кој сега се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Повеќето стручњаци сметаа дека се работи за сопругата на трговецот Дел Џокондо, па оттаму и нејзиното второ име Ла Џоконда, но првите докази за тоа ги изнесе професорот Џузепе Паланти од Фиренца во 2004г.

Тој своето истражување го засноваше на списи од Џорџо Васари, сликар и писател од 16 век и прв биограф на Леонардо да Винчи.



13.01.2008



ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!