Најнова Фотка
Традиционален штитник
Неверојатна и единствена можност
Анкета
Airlija
topki+

Маде знаеме (+видео)


Повод за денешново писание ми даде е-писмото што некојси Горан му го испратил на Јанко од Јади Бурек, во кое му се жали и бара помош за неговиот малечок проблем што го имаат претпоставувам 95% од Македонците – не си ја знаe историјата!

Но, за разлика од другите, Горан ја има таа несреќа да работи во фирма чиј газда е Грк и тоа тежок провокатор и националист кој не се стега ни најмалку да ги позаебава работниците и да ги навредува нивните национални чувства.

И сега Горан притиснат од една страна од маката, а од друга од лебот, па бара помош. Дотука си е таман.

Велам таман, зашто знам дека се работи за Македонија, да се работеше за некоја нормална земја, грчкиот газда ќе беше отеран во три полови мајчини органи и од тоа ќе испаднеше голем скандал, а работниците доволно свесни за своето минато ќе немаа проблем со таквите ретардирани копуци кои во бранот наречен „грчка офанзива во однос на името на Македонија“ влегуваат во борбените редови на спротивната страна, но на наш терен.

Од друга страна, иако сегашната влада има една одлична кампања во која сака да го промовира образованието во државава, не сум сигурен дека со тоа ќе се подобри и националната свест и знаењето за сопствената историја.

И не трескам глупости со ова – факт е дека секоја сериозна држава прво што прави во вакви моменти е – јакнење на националната свест кај младите (учениците). Некои тоа го прават снимајќи филмови за Рамбо кој мамата им ја расплакува на Авганистанците, други со тоа што создаваат култ на Кастро, Тито или Ким Јонг Ил, трети со тоа што ги знаат сите британски или француски кралеви сосе нивни трети братучеди на вујни и стрини, четврти што го знаат своето родословно колено од Адам и Ева преку Аврам, па се до Ариел Шарон и Ехуд Олмерт.

А, ние Македонците? Е, ние Македонците сме приказна сама за себе. Живи за греота. Мислиме дека се` знаеме, иако всушност маде знаеме! Шеесет години живееме во заблуди, неукост и погрешни толкувања (преведете си ако сакате - интерпретации).

На Македонците се уште не им е јасно дали се потомци на Филип или не? Македонците појма немаат кои се Селевкидите, кој бил и што говорел Демостен, или зошто Александар ја разурнал Теба.
Само во Македонија можат во весник да се појават таленти кои тврдат дека Исус бил распнат во Охрид или дека Славчо Ковачев бил Бугарин!

Македонците не учат за Борис Сарафов, а учат за Илинденското востание?!? Каков парадокс! Тоа е исто како да учите за Втора светска војна, а да не знаете кој е Черчил! Историографијата ни е жива катастрофа. Очај!

Затоа и губиме на сите можни полиња. Затоа и секој просечен бугарски ученик ги закопува нашите студенти кои патем речено не знаат што е полиглот (и тоа за малку пари), а исто така затоа и толку многу Македонци аплицираат за бугарски пасош.

Како што од истата причина и Видкун Квислинг се решил да соработува со Хитлер во далечната 1940 година.

За Македонците се уште најсветла точка, за жал е Јосип Броз. Многумина се уште ја потврдуваат и упорно ја бранат агресивната антимакедонска пропаганда дека Тито ни дал држава.

Нискомозочните фаци кои не си го ценат трудот на предците (предок е малку неутрален збор, подобро би рекол дедовците или татковците) само влегуваат во бугарската шема и потврдуваат дека некој не измислил или ни подарил нешто.

Но, тоа е од неукост. Од измиен мозок. На неуките ќе се потрудам накратко да им образложам. Коминтерната во 1934 година, (девет години пред дотичното заседание на АВНОЈ) донесува одлука за признавање на македонската нација. КПЈ во тој период, а се и до моментот кога веќе не можела да отстапи ја застапувала тезата дека Македонците се дел од српскиот народ. Читајте пријателчиња продолжувачи на ликот и неделото, не се нервирајте напразно!

Дури во моментот кога комунистичките партии на Бугарија и Грција предлагаат (верувале или не) ГОЛЕМА МАКЕДОНИЈА во своите етнички граници - Тито и КПЈ застануваат со идејата – Македонија само во границите на Југославија.


За оваа идеја (Македонија во своите природни граници) за жал се судени или починале голем број Македонци меѓу кои и легендарниот Методија Андонов Ченто – олицетворението на македонштината, како и Панко Брашнаров, Петре Пирузе и илјадници други...

Не сакам да звучам бизарно, но дозволете ми, без лоша намера, само да ви ја доловам поентата. Замислете си некој денес да го грди името на Тоше Проески... Како би ви било? Како ќе се чувствувате некој денес да го нарече Тоше предавник, т.е. издајник, само затоа што работел за доброто на својата земја и бил омилен меѓу народот.

Ченто бил, т.е помнам дека беше нарекуван предавник. А, злобните се уште се на слобода и ги уживаат плодовите од нивните кодошки успешни денови.

За крај, имам еден добронамерен совет – народе, факт е дека на властиве наши не им е приоритет македонската историја – во последниве години во школството катастрофално се изучува историјата, т.е. се изучува, ама не македонската – затоа земете и прочитајте нешто – да не се срамиме пред народон светски ... а и да не не заебаваат толку, нема смисла!


Видео промил од грчката пропаганда на Интернет:









Овие видеа се гледани илјадници пати од луѓе од целиот свет...



26.12.2007




Гледајте фудбал
Спорт
Овен потпиша договор со Ѓаволите
Овен потпиша договор со Ѓаволите
slikaИако се шпекулираше дека Овен ќе заврши во некој послаб тим, откако му заврши договорот со Њукасал, тој сепак заврши во англискиот шампион.
Атлетска патека во Охрид
Атлетска патека во Охрид
slikaДенес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт директорот на агенцијата Драган Ѓурчевски, претседателот на МОК Васил Тупурковски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов потпишаа меморандум за соработка во врска со реализацијата на проектот изградба на атлетска патека во Охрид.
Барселона е тим, а Реал се уште не!
Барселона е тим, а Реал се уште не!
slikaХуанде Рамос, досегашниот менаџер на Реал е уверен дека и покрај огромните засилувања на ’кралскиот клуб’, Барселона се уште е подобар тим.
Автогол на сезоната
Автогол на сезоната
slikaПлејмејкерот на норвешки Мосс здодевниот дуел со Хам-Кам го претвори во средба која ќе се памти по неговиот прекрасен автогол. Несреќниот Овребо стана херој во Скандинавија.
Официјално: Бензема се договори со Реал Мадрид
Официјално: Бензема се договори со Реал Мадрид
slikaОткако Реал Мадрид и Лион се договорија околу центата на трансферот на 21-годишниот напаѓач Бензема, сега се договорени и условите под кои Французинот би дошол на Сантјаго Бернабе.
Формула 1 во Бугарија
Формула 1 во Бугарија
slikaБугарија може да биде домаќин во Формула 1, доколку за тоа се договорат челниците на ФИА со потенцијалните бугарски организатори на состанокот кој ќе се одржи за време на трката во Нирнбуринг од 10 до 12 јули.
Топ 10 голови од Купот на конфедерации
Топ 10 голови од Купот на конфедерации
slikaБразилците имаат само два голови во овој избор, а Шпанците дури четири. Со своите мајстории Виља и Гуиза го освоија третото, односно второто место. Најубавиот гол е од Роси!
Desno


Резултати сега!