Иако се распадна пред повеќе од 25 години, АББА се уште продава по два до три милиони албуми годишно. Последователно, до јуни 2009 треба да се отвори музеј посветен на славната музичка група.
„Тоа ќе биде меѓународен музеј опремен со големи технички материјали и мултимедија“, објави
Улф Вестман кој заедно со
Вео Вигенхајм-Вестман го осмисли целиот проект.
Музејот ќе биде отворен во поранешна царинска зграда на пристаништето и ќе ја прикажува целата хронолошка приказна на групата, а ќе има и дополнителни содржини, парчиња гардероба, студио во кое посетителот ќе може сам да сними песна, диско и уште многу други работи.
Една влезница ќе чини 245 круни, односно 26 евра.
Иако се распадна пред повеќе од 25 години, АББА се уште продава по два до три милиони албуми годишно. Од 1974, па досега групата продаде над 360 милиони албуми во светот. Само
Елвис Присли и
Битлс имаат поголеми продажни рекорди од АББА.