logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Џ.К. Роулинг е „забавувачка на годината“

Entertainment Weekly ја прогласи славната авторка на романот за Хари Потер за забавувач на годината бидејќи „нејзините дела истовремено се и безвремени и одраз на нашето време“. „Нејзините романи се безвремени, но истовремено успеваат да раскажуваат за заканите на денешницата“, пишува влијателниот американски магазин за својот избор. „Џ.К. Роулинг е забавувач на годината бидејќи успеа да направи нешто што е многу, многу тешко, а го направи тоа многу, многу добро, на задоволство на стотина милиони деца и возрасни“. Во ера на видеоигри, британската авторка успеа да ги прикова луѓето за големата, дебела, старомодна печатена книга како да се работи за технолошки најновиот уред на планетата, заклучи магазинот.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/1731