На работа добил отказ, жената го напуштила, соседите си поигруваат со него. Спрема Деде, ’човекот дрво’, како што го нарекоа медиумите, околината се однесува како да е чудовиште поради необичните израстоци на нозете и рацете.
Индонезиецот Деде, пати од ретка болест која предизвикува раст на посебни израстоци кои изгледаат како дрво. Деде е прекриен со брадавици и бара помош од американските доктори, затоа што во Индонезија досега никој не можел да му помогне.
Но, 35-годишниот Деде, кој живее во малото село Танјунг Јаја, 150 км јужно од главниот град Џакарта, сега се надева дека лекарскиот тим од САД ќе биде во можност да ги излечи неговите необични израстоци кои почнале да му се појавуват кога бил тинејџер.
Првпат почнал да ги забележува брадавиците откако како тинејџер си го повредил коленото. „На почетокот ме печеше. Некои брадавици се појавија на моите стапала. Ги занемарував, а на телото почнаа да ми се појавуваат се повеќе израстоци“, вели Деде.
Не можел да работи бидејќи не може да се служи со рацете. Откако жената го напуштила живее во сиромаштија со двете ќерки и родителите. Вели дека не може да патува и е присилен да остане во куќата на неговите родители, бидејќи и рацете и нозете му се тешки и гломазни поради израстоците.
Дури се придружил и во 'freak show' во блискиот град Бандунг за да заработи некоја пара за да се издржува. Во своето село е мета на злоставување и зафркавање. Во 1993 бил примен во локалната болница, но докторите не можеле да најдат лек за неговата состојба.
Американскиот доктор Ентони Гаспари од Универзитетот Мериленд предложи евентуален третман. Како што наведуваат медиумите, д-р Гаспари ја тестирал крвта на Деде и рекел дека растот на израстоците е резултат на HPV (Human Papilloma Virus), инфекција која предизвикува мали брадавици.
Д-р Гаспари верува дека состојбата на Деде може да се поправи доколку почне да користи дневни дози во синтетички облик на витамин А, кој го запира растот во сериозните случаи на HPV.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи Камерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо Клаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија Холандскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано? Италијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.