
Некои се смешни, некои трагични, некои шокантни и застрашувачки, а заедно ја прават листата на десет најбизарни видеоспотови настанати последниве две десетлетија. Погледнете ги!
| 10. KLAUS NOMI, Lightning Strikes |
Клаус Номи е роден во Германија, но најплодните уметнички денови ги помина во 70-те во Њујорк – плодно тло за театрална и бизарна појава како него. Остана запамтен по сјајните вокални изведви и необичните live перформанси, тешкиот make-up, предимензионираните костими и стилизираната space kabuki фризура. Тој е еден од првите славни личности починат од сида.
| 9. THE AVALANCHES, Frontier Psychiatry |
The Avalanches е електро состав од Мелбурн, најпознати по диџеј сетовите и деби албумот Since I Left You, составен од отприлика 2550 семплови од винил. Во почетокот свиреа во живо, користејќи семплови, аналогни клавијатури, ритам секција и теремин. Подоцна додадоа четири грамофони, уште еден сет тапани и серија компјутерско контролирани специјални ефекти.
| 8. THE PRODIGY, Smack my Bitch Up |
Smack My Bitch Up е 13 сингл на електро/рејв/рок бендот The Prodigy издаден 7 ноември 1997. Воедно трет и последен сингл на нивниот албум The Fat of the Land. Песната и спотот предизвикаа контроверзи поради промовирање на насилство над жените.
| 7. BJÖRK, Hunter |
Björk Guðmundsdóttir е позната исландска кантавторка наградена со многу музички награди, а може да се пофали и со 12 номинации за Греми и една номинација за Оскар.
| 6. MUSHROOMHEAD, Solitaire Unravelling |
Mushroomhead е американски бенд од Кливленд. Оформени се во 1993, а музиката може да им се опише како синтеза на алтернатива и хеви метал. Сите членови на бендот носат маски и се кријат под псевдоними.
| 5. MARILYN MANSON, The Beautiful People |
Brian Warner, попознат како Мерилин Менсон е појава во музиката која отсекогаш предизвикувала бројни контроверзи. The Beautiful People е песна од албумот Antichrist Superstar, излезен во јануари 1996. Песната е напишана од Мерилин и Твиги Рамирез, а ја продуцираа Трент Резнор, Дејв Огилви и Менсон.
| 4. DIR EN GREY, Obscure |
Dir en grey е јапонски бенд основан во 1997. Во десетгодишната кариера имаат издадено шест студиски албуми, а еден е од ретките јапонски бендови со забележителен успех во Европа и Северна Америка.
| 3. NINE INCH NAILS, Closer |
Nine Inch Nails е индустријал рок бенд кој го основа Трент Резнор во Кливленд 1988. Резнор воедно е главен продуцент, пејач, текстописец и единствен официјален член на бендот.
| 2. TOOL, Parabola |
Парабола е вториот сингл од албумот на Тул, Латералус издаден во 2002 исклучиво како промо ЦД. Го следи 10 минутно музичко видео, кое поради должината, повеќето од поглавните музички ТВ куќи не го емитуваа или поретко се појавуваше во скратена верзија.
| 1. APHEX TWIN, Rubber Johnny |
Rubber Johnny е 6-минутен експериментален краток филм и музички спот од 2005 кој го режираше Chris Cunningham (го режираше и Frozen од Мадона) користејќи музика од Афекс Твин. Rubber Johnny е британски сленг за кондом што воедно и го опишува ’главниот лик’ во филмот.
9.10.2007


















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






