Пандев му пикна два на Реал (видео)

Во една неверојатна фудбалска претстава во која беше ѕвезда на вечерта, феноменалниот Горан Пандев постигна два гола против кралевите на Олимпико. На другите средби имаше премногу изненадувања. Ливерпул и Вердер загубија дома, а Челзи на гости славеше над Валенсија. Видео!

Горан Пандев – Руд ван Нистелрој 2:2. Така во една реченица би можело да се искоментира дуелот меѓу римски Лацио и Реал Мадрид.

Натпреварот почна лошо за клубот на нашиот репрезентативец. Во 8 минута, една нафрлена топка од слободен удар го закачи Руд ван Нистелрој во левата нога и отседна во мрежата на 43-годишниот Балота.

Но, Лацио не се предаде. Создаде неколку прилики, од кои најубава беше таа на Пандев во 30 минута, кога Роки одлично го проигра македонскиот репрезентативец, а Горан изби сам пред Касиљас, но наместо да го матира биеше за малку над пречката.


Само две минути подоцна Пандев беше успешен. Стендардо со глава го проигра нашиот најдобар фудбалер, кој со одличен волеј со лева го совлада чуварот на Реал Мадрид.

На полувреме се замина со резултат 1:1. Во 61 минута Ван Нистелрој повторно беше прецизен. По еден контранапад изби сам пред Балота и немаше никакви проблеми. По овој гол, како да се наѕираше оти Лацио нема сили за нешто повеќе. Се повреди Валон Бехрами, а и недоволно опоравениот Роки мораше да биде заменет.


Сепак спасот стигна во 75 минута кога ѕвездата на вечерта повторно го избави својот клуб. Нововлезениот Макинва открадна една топка, таа дојде до Пандев кој мајсторски од 16-17 метри со лева биеше по земја, совладувајќи го според многумина најдобриот голман во светот. Олимпико се тресеше од радост, а Горан Пандев докажа дека веќе станал светски фудбалер од највисок ранг.

Погледнете ги головите од средбата:


На останатите средби имаше многу изненадувања. Во А групата, Ливерпул беше совладан на Енфилд со 0:1, а со истиот резултат Порто во 92 минута преку Кварезма успеа да го совлада Бешикташ среде Турција.

Валенсија - Челзи 1:2


Во Б групата, Челзи пополека излегува од кризата по тренерската смена, победувајќи на гости против Валенсија со 2:1 иако при постигнувањето на вториот гол имаше спорен момент. Имено, Џо Кол кој беше асистент претходно ја запре топката со рака, но судијата не го виде тоа, па така тој му асистираше на Дидие Дрогба за 1:2. На другиот меч, Шалке без проблеми на гости го совлада норвешки Розенборг.

Во Ц групата, покрај Лацио и Реал кои ги поделија бодовите, непријатно изненади Вердер кој на домашен терен загуби од грчки Олимпијакос со 1:3 иако на полувремето водеше со 1:0.

И во групата Д имаше интересна претстава. Милан дефинитивно е во криза. По неуспесите во домашното првенство, росонерите нанижаа уште еден кикс иако имаа непостоечки пенал и реми во ракавот до 90 минута. Но, на истекот од регуларните 90, МекДоналд постигна гол за победа од 2:1.

Головите од дуелот во Селтик Парк:


По овој гол, се затресоа трибините во Глазгов, а влезе и еден навивач на теренот кој малку подјадливо го ’буцна’ Дида по образот. Овој потрча по него, а кога виде дека не може да го стигне падна како покосен глумејќи дека е екстремно повреден и сакајќи со тоа да направи прекин на средбата. Сепак, овој пат Маркус Мерк не наседна, а Дида најверојатно ќе одговара за симулирање.

Симулацијата на Дида:


И за крај, Бразилецот Жадсон му донесе три бода на украинскиот Шахтјор кој на гости славеше против Бенфика со 0:1.


4.10.2007



Најнови вести
15:31
Измачувачот Чарлс Дарвин
Научна Реалност
15:01
Играчки од пеколот!
Во земјата на чудата
11:13
11:11
Екстра
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
slikaМалкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
slikaШто повеќето луѓе посакуваат од станот? Простор, удобност, стил и постојано чувство на добредојде, приватно место одделено од светот? Овој стан во Украина со своите 300 квадратни метри, мора да се сложите, ги исполнува сите споменати услови.
Конечно - она што го баравте со години!
Конечно - она што го баравте со години!
slikaШто имаат заедничко Зулфу Ливанели, Славе Димитров, Енио Мориконе и Иван Терзиев? Нема никогаш да дознаете, ако не го видите ова што ви го нудиме, а што ќе ви побуди еден куп емоции. Уживајте!
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
slikaДека сивата боја може да биде и тоа како убава и пријатна во уредувањето на енетриерот пример е овој елегантен стан во Лондон кој се протега на дури 4.700 квадратни метри.
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
slikaСе повеќе луѓе сакаат да се издвојат од масата, па се одлучуваат за живот во футуристички куќи кои се изградени на необични локации и од необични материјали, а кои личат на се, само не на конвенционални станбени зданија.
Резултати сега!
Анкета
(©) 2006-2012 Taratur.com