
Парис ’наивно’ дојде кај Дејвид Летерман да се пофали за новиот парфем, а него го интересираа само нејзините затворски денови. Дури откако ја ’растури’ со зајадливи прашања и направи да посака земјата да ја голтне, Летерман прекина со мајтапот. Погледнете!
Парис Хилтон беше видно вознемирена во ТВ шоуто на Дејвид Летерман во петокот вечерта кога немилосрдниот домаќин не сакаше да прекине со прашањата за нејзините затворски денови.
Хилтон, која во затворот помина 23 дена поради кршење на условна казна од 2006 година, се тетеравеше и скоро ќе заплачеше на прашањата од Летерман, кој подјадливо ја прашуваше каква била храната, дали стекнала пријателства, дали била сама и слично.
„Има и други работи за кои можеме да разговараме. Не дојдов да раскажувам за тоа. Беше тоа толку одамна“, рече 26 годишната старлета, по петминутното испрашување, а која всушност дојде да го промовира новиот парфем Can Can.
Дури откако рече дека и е „жал што дошла“, Летерман со тешко срце прекина и и постави неколку прашања за парфемот и за новиот филм.
Погледнете, ова не се раскажува :)
1.10.2007


















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






