
Деновиве во Минхен се одржува најпознатиот фестивал на пивото во светот, популарниот Октоберфест. До седми октомври, до кога трае Октоберфест, се очекуваат повеќе од 6 милиони посетители од целиот свет кои би требало да испијат околу 7 милиони литри пиво, како и да изедат пола милион печени пилиња и 90 волови на ражен.
24.09.2007

































