
Манекенот Ник Снајдер се обидел да се спаси од апсење со неморални понуди. Полицајците сепак одолеа на понудите, а моделот на крајот заврши зад решетки.
Манекенот Ник Снајдер (21) е приведен во Арканзас поради пијанство и нарушување на јавниот ред и мир. Наводно, моделот лудувал во станот на негов пријател, по што реагирала полицијата.
Американските медиуми пренесуваат дека Ник сакал да се спаси од апсење велејќи им на полицајците дека е славна личност. Заменикот шериф Брајан Луетшвагер изјави дека манекенот ги наговарал да го пуштат додека го возеле во полициската станица.

„Господинот Снајдер ми рече дека ќе ми го испуши пенисот ако застанам и го пуштам на слобода“, изјави заменикот.
Пијаниот Снајдер наводно истото му го понудил и на службеникот во полициската станица додека го водел во притвор.
Манекенот потоа платил казна од 780 долари, а на суд треба да се појави на 17 февруари.
Снајдер се прослави со кампањата за модната куќа Прада, а во 2008 година Форбс го прогласи за петти најуспешен манекен на светот.
8.02.2010



























