
Близначките Анџела и Мариана Вурлис од Австралија во неделата наутро, на нивниот 20-ти роденден отвориле Фејсбук за да ги прочитаат честитките од пријателите. Наместо тоа, дознале дека нивниот брат загинал во сообраќајна несреќа.
17-годишниот Боби Вурлис загинал со уште двајца негови пријатели во сообраќајна несреќа.
„Ништо не ми беше јасно. Сите тие луѓе пишуваа ’Почивајте во мир Крис и Боби’, а ние се чудевме што се случува, изјавија сестрите за „Sydney's Daily Telegraph“.
Нивната мајка се јавила во локалната полиција од каде и потврдиле дека нејзиниот син е еден од тројцата тинејџери кои загинале во сообраќајна несреќа.

Од полицијата изјавиле дека задоцниле да го известат семејството на загинатиот, бидејќи не биле во можност веднаш да ги идентификуваат телата на тинејџерите.
Семејството е во шок бидејќи полицијата не ги известила. „Да се изгуби дете во сообраќајна несреќа е кошмар за секој родител, но да се дознае тоа преку Фејсбук е недозволиво“, вели вујкото на Боби, Мателис.
8.02.2010

































