
Понтус Вернблум најверојатно се надеваше дека својот првенец за дресот на АЗ Алкмар ќе го постигне во противничката мрежа. Но, му се случи спротивното – со прекрасен погодок од врвот на шеснаестникот го совлада својот голман.
Во неделното дерби од холандската лига помеѓу Феенорд и АЗ Алкмар, 23-годишниот Понтус Вернблум изведе потег кој ќе се памети.
Во моментите кога неговата екипа водеше, Швеѓанецот несреќно ја смести топката во сопствената мрежа и ги врати домаќините во живот.
Главниот виновник за автоголот на годината беше играчот на Феенорд, Џонатан Александер де Гузман, кој во одличен соло продор помина неколку противнички играчи. Во еден момент сепак ја загуби контролата над топката, која дојде до несмасниот Вернблум, а останатото е историја.
Среќа за шведскиот играч е тоа што неговите соиграчи го надоместија неговиот кикс и со погодокот на Хектор Морен во 87 минута ја однесоа победата и трите бода од Ротердам.
8.02.2010



























