
Познато ни е дека Американците се луди по кошарката, а исто толку го сакаат и американскиот фудбал, или популарното рагби. Така, во најатрактивниот натпревар, Супер Боул се најдоа бројни славни фаци, меѓу кои и парот кој цел свет го разделува, а тој се уште е заедно – Бранџелина.
На овогодинешниот Супер Боул, на кој победи Њу Орлеанс сеинтс, на трибините се најдоа бројни пејачи, актери, манененки.

Така во Мајами беа фатени заедно Анџелина Џоли и Бред Пит кои уште еднаш ги демантираа бројните таблоиди кои секојдневно шпекулираат за нивен наводен прекин, покажувајќи дека лудо се забавуваат и се уште се заљубени.




Њу Орлеанс Сеинтс го освоија супербол трофејот откако го победија тимот на Индијанаполис Колтс со резултат 31:17, а друга интересна информација е таа дека цената која била платена за емитување на реклами за време на полувремето од натпреварот достигнала вредност од 2.5 милиони долари за 30 секунди.
8.02.2010



























