Авторите на ’Скопје 2014’ против девалвирањето на нивниот труд

Дел од авторите на проектот „Скопје 2014“ денеска со писмо се огласија против, како што велат “неоснованите и нестручни напади“ на кои се подложени по обелоденувањето на проектот.

Вкупно 18 архитекти, автори на споменици и останати стручни лица се потпишани на писмото со кое се бара да престанат „некултивираните, неоснованите, невештите и нестручните напади кои деновиве без никаков аргумент се упатуваат кон проектот и кон авторите“. Велат дека не прифаќаат политичка, туку естетска дебата за нивните дела.

„Цениме дека ова е само невешт пример за обид за внесување на негативен аспект во перцептивното поимање на проектот од страна на граѓаните. Структурите од кои ги доживуваме овие напади, ни создаваат сериозно чуство на сомнеж дека девалвацијата на овој проект е дневно - политички мотивирана. Македонската јавност треба, но и веќе знае, дека со овој проект Скопје ќе има содржина и физиономија и Скопје вистински ќе заличи на метропола. Ние со нашиот авторитет и кредибилитет тоа го потврдуваме и го гарантираме“, вели Жарко Башески, автор на спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев.

Башески информира дека спомениците на Делчев и Груев се очекува да бидат поставени за еден месец. На локацијата пред Камениот мост веќе се работи за подготовките за поставување на нивните постаменти. Бара трпение од јавноста до конечното поставување на спомениците.

„Ние не сакаме да се ставиме во ситуација да браниме нешто што визуелно го немаме доживеано“, вели Башески.

За месец и половина од леарницата во Фиренца треба да пристигнат и двата лава што ќе бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“, од страна на Владата. За авторот Дарко Дуковски нема дилеми дека е оправдано поставувањето токму на овој симбол.

„Македонија отсекогаш се идентификувала со лав. Не гледам причина зошто да не бидат поставени лавовите“, вели тој.

Зад писмото во кое авторите велат дека „проектот Скопје 2014 е временски, визионерски и концептуално исправен“, покрај Башески и Дуковски, се потпишани и Слободан Милошевски, Кирил Мукаетов, Валентина Стефановска, Димитар Филиповски, Ангел Коруновски, Томе Аџиевски, Елена Дуковска, Константин Јанев, Богоја Ангелковски, Роза Павлевска, Перо Кованцалиев, Војдан Запров, Зоран Петров, Јован Стефановски - Жан, Вангел Божиновски и Виктор Михајлов.




Copyright 2010 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax

8.02.2010



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 17°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com