
Британецот Мајкл Керол имал само 18 години кога освоил скоро 10 милиони фунти. Сите пари ги потрошил во рок од осум години и сега живее од социјална помош.
Мајкл Керол пред осум години освои 9.7 милиони фунти на лотарија. Среќниот победник тогаш имал само 18 години, што може да биде некакво оправдување за неговите ’инвестиции’. Повеќето од парите ги потрошил на проститутки и дрога, па денес е таму, каде што бил и пред осум години.
Пред да ја освои милионската награда работел како уличен метач, а денес откако ги потроши десетте милиони, е невработен и прима социјална помош, па е сосема задоволни со 42-те фунти неделно, што државата ги издвојува за него.
„Забавата заврши и сега сум назад во реалноста. Полесно ми е да живеам со 42 фунти неделно, отколку со големо богатство.“
„Живеев луксузен живот, но сега ја сакам мојата стара работа, и сакам нормално да заработувам пари. Се би направил за чесно да заработам некоја фунта.“

Џекпотот, кој го освои во 2002, се стопи со невидена брзина. До крајот на 2003 дневно знаел да испуши крек за 2.000 фунти, и приредувал забави полни со дрога и алкохол во својот дом вреден 325.000 фунти.
На неговата жена Сандра не и се допаднал неговиот начин на живот, па го оставила и ја зела ќерката со себе. Но, наместо овој потег да го отрезни, Керол се свртел кон проституцијата и дневно спиел со четири различни жени, што го чинело 2.000 фунти на ден. Во осум години дури на проститутки потрошил £ 100,000.
„Почнав да мислам само на дрога, секс и злато. Мислам дека дилерот кој ме запозна со крекот има најголем дел од моето лото“.
Новопечениот богаташ станал агресивен и склон кон екцеси па повеќе пати бил на суд, а во 2004 поминал и пет месеци во затвор.
Потрошил 1 милион на кучиња и коњи, а исто толку го финансирал неговиот омилен фудбалски клуб, Ренџерс. Последните 500.000 ги потрошил во 2008, а минатата година ги продал луксузните автомобили вредни 400.000 долари.
Вели дека не жали за загубената среќа, но е свесен дека другите би направиле повеќе ако добијат џекпот. Со своето однесување се замерил и со некои опасни момци кои во 2008 му ги убиле 12-те кучиња и го истерале од вилата во Даунхам, Норфолк, Англија.
Во оваа куќа никогаш не се врати. Таа стои напуштена, а базенот е полн со ѓубре. Керол сега живее во помала куќа и бара работа, пишува Дејли Меил
Еве на што ги потрошил парите:
£ 5 милиони на семејството и пријателите
£ 1 милион на коцкање
£ 1 милион за ФК Ренџерс
£ 800,000 техничка опрема
£ 400,000 автомобили
£ 325,000 куќа
£ 300,000 забави
£ 230,000 кокаин и крек
£ 200,000 накит
£ 200,000 базен
£ 100,000 проститутки
£ 60,000 патувања
£ 55,000 правни такси
8.02.2010

































