
Телевизиските камери фатија еден романски полицаец под дејство на алкохол, како спие за време на должноста.
Романскиот полицаец за време на должноста одлучи да ја „убие“ неблагодарната ноќна смена со спиење во службениот автомобил.
Кога го фатија на дело телевизиските камери и побараа изјава, се виде дека спиењето за време на должноста не е неговиот единствен лош потег.
Освен што беше во длабок сон, романскиот џандар се покажа дека е дрво пијан.
Набрзо интервенираа неговите колеги, а како изгледаше сето тоа можете да видите и самите од ова видео.
8.02.2010

































