
Во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2012, договорени се две пријателски средби.
Македонската фудбалска репрезентација во пресрет на квалификациите за ЕП 2012 ќе се загрева со Црна Гора и Малта.
На 3 март ќе ги одмериме силите со репрезентацијата на Црна Гора во Скопје, а на 11 август ќе и гостуваме на репрезентацијата на Малта.
Македонија во вчерашната ждрепка за одредувањето на групите во квалификациите за Е.П. 2012 беше извлечена во групата Б заедно со: Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.
Црна Гора ќе игра во групата Г заедно со Англија, Швајцарија, Бугарија и Велс, а Малта во групата Ф заедно со Хрватска, Грција, Израел, Латвија и Грција.
8.02.2010






















