
Студентката по архитектура Муи-Линг Тех се специјализираше за изработка на мали скулптури од хартија, познати под името оригами, кои се големи само три милиметри.
Користејќи само хартија, ножици и пинцета, Муи-Линг Тех изработува мали животинчиња и цвеќиња.
Неофицијално се смета дека нејзините оригами се најмалите од таков вид во светот.

На Муи-Линг и се потребни само 20 минути за да изработи лебед од хартија од само три милиметри.
„Мислам дека првиот пат ми требаше еден час, но со повеќе вежбање, сега едно оригами го изработувам за 20 минути“, вели Муи од Онтарио, Канада.

„Изработката на овие оригами многу зависи од состојбата на мозокот и вежбите кои се вложуваат на моделите, а процесот на создавање е секој пат уникатен“.

Уметничката признава дека е тешко да ги зачува сите изработки, па често ги губи.

8.02.2010

































